Известување за приватноста

За да Ви овозможиме да аплицирате за работа во Samsung Electronics Austria GmbH (SEAD business unit), и нашите поврзани лица (“Самсунг”, “ние”, “нам”, “наш”), ние ги собираме Вашите лични податоци на начинот опишан подолу. Знаеме колку им е важна приватноста на сите лица со кои работиме и се трудиме да бидеме јасни за начинот на којшто ги собираме, користиме, откриваме, пренесуваме и чуваме личните податоци.

КОИ ПОДАТОЦИ ЗА ВАС ГИ СОБИРАМЕ?

  • Име, датум на рашање, домашна адреса, телефонски број, работен статус, квалификации, податоци за образованието, информации содржани во формуларот за аплицирање, информации содржани во поднесената кратка биографија и податоци за соодветноста за работното место и
  • Податоци за вклучувањето од Вашиот пребарувач, вклучувајќи но неограничувајќи се на IP адресата на Вашиот интернет провајдер, тип на уред, оперативен систем и верзија на Вашиот пребарувач.

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

  • За да ја оцениме соодветноста за одредена позиција промовирана преку системот и да поканиме кандидати на интервју;
  • За успешните апликанти, личните информации ќе бидат искористени за создавање на профил на кандидатот во Информацискиот систем на одделот за Човечки Ресурси и со цел да се изврши проверка на искуството и
  • За да оперираме и да го одржуваме системот. Вашите податоци се зачувани во Workday Датацентарот во Ирска и во ДР Датацентарот во Холандија. Можеме да ги користиме Вашите податоци за поддршка и за да ја поправиме било која конфигурација поврзана со таквиот систем.

Самсунг ги обработува личните податоци за целите опишани погоре. Правниот основ за Самсунг да ги обработува личните податоци се темели на легитимните интереси на Самсунг да вработува талентирани индивидуалци кои имаат соодветни вештини и искуство за да се придружат на нашата работна сила.

СПОДЕЛУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можеме да ги откриеме Вашите информации интерно во рамкит на нашето претпријатие, на соодветните тимови, како на пример и без ограничување, на тимот за чивечки ресурси, менаџерот за вработување/одделот кајшто е лоцирана отворената позиција, правниот тим и финансовиот тим. Исто така, може да ги откриеме Вашите податоци и на следните правни лица, но само до оној обем кој ќе биде неопходен за обезбедување на Услугите:

  • Поврзани лица. Вашите податоци може да бидат пренесени меѓу поврзаните лица на Самсунг, за целите опишани во оваа Политика на приватност. Терминот “поврзани лица” се однесува на друштва поврзани со Samsung Electronics Co., Ltd. Преку заедничка сопственост или контрола. Нашите поврзани лица вклучуваат и друштва кои го носат називот Samsung Electronics. Во поврзаните лица може да се вклучени и други друштва поврзани со заедничка сопственост или контрола.
  • Даватели на услуги. Може исто така да ги откриеме Вашите инфомрации на внимателно избрани друптва кои обезбедуваат услуги за нас или во наше име, како на пример друштва кои ни помагаат да вршиме проверки на искуството на успешните кандидати, агенции за регрутирање и оператори на нашиот интерен систем за човечки ресурси (во оној обем неопходен за функционирање на системот). Овие правни лица се ограничени во начинот на кој мже да ги користат Вашите податоци за други цели совен заради обезбедување на услуги за нас, со соодветни договорни одредби.
  • Други лица кога е тоа неопходно според закон или за да се заштити Самсунг.
    Можно е да постојат ситуации кога би ги откриле Вашите податоци на други страни:
    • за да постапиме согласно закон или да одговориме на задолжителен правен акт (како што е налог за претрес или друга судска наредба) ;
    • да го утврдиме или да го осигураме постапувањето во согласност со полисите спрема кои се раководи Самсунг и
    • да ги заштитиме, правата, имотот или безбедноста на Самсунг или на било кое од нашите поврзани лица, деловни партнери или клиенти.
  • Други лица, во врска со корпоративни зделки. Можеме да ги орктиеме вашите податоци на трети лица во рамките на спојување или пренос, преземање или продажба или во случај на стечај.

ЗАШТИТУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

На безбедноста на Вашите податоци се посветуваме серизоно и презедовме соодветни физички и технички мерки да ги заштитиме податоците што ги собираме во врска со Услугите. Сепак, Ве молиме сфатете дека, иако ги преземаме сите разумни чекори да ги затитиме Вашите инфомрации, ниедна веб страна, интернет пренос, компјутерски систем или безжична конекција не се потполно безбедни.

МЕЃУНАРОДЕН ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

Кога аплицирате за работно место кај нас, тоа го вклучува и преносот, складирањето и обарботувањето на Вашите лични податоци надовр од државата во која имате живелиште, во кореа, во согласност со оваа политика. Дополнително, може исто така да ги пренесеме, складураме и обработуваме Вашите лични податоци во други земји; таквите земји ги вклучваат, без ограничување, земјите на Европската Економска Заедница, Соединетите Американски Држави, Кина, сингапур, виетнам, индија, Канада, Филипините и Јапонија. Напоменуваме дека законите за заштита на личните податоци и другите прописи во земјите надовор од Европската Еконосмска Зона, во кои Вашите лиќни податоци би можеле да бидат пренесени, би можеле да не се толку разбирливи како законите и прописите на Вашата земја. Ние ќе преземеме разумни мерки за да осигураме дека Вашите лични податоци ќе останат заштитени. Таквите мерки вклучуваат употеба на стандардни договорни одредби за заштита при рпеносот на податоци надвор од ЕЕЗ. За повеќе инфомрации или за да добиете копија од договорните права и обврски кои се на сила, Ве молиме контактирајте нѐ со посета на Нашата страна за поддрка на приватноста (Privacy Support page).

ВАШИ ПРАВА

Вие имате право д барате детали околу податоците кои ги собираме за Вас и да барате од нас да ги исправиме сите неточности во таквите податоци, да приговарате на обработката или да барате нејзино ограничување , да барате пристап до Вашите податоци, нивно бришење или пренос. Согласно законите на некои држави, ние можеме да одбиеме да постапиме по барања кои неразумно се повторуваат, кои бараат непорпоционален технички труд, кои ја загрозуваат приватноста на други, кои се екстремно непрактични или чија достапност инаку не е неопходна согласно локалните прописи. Ако сакате да поднесете барање за пристап до Вашите податоци, контактирајте нѐ со посета на нашата Страна за поддршка на приватност (Privacy Support page).

Ако барате бришење на Вашите лични податоци, вие се согласувате дека нема да можете да продолжите со Вашата апликација и дека преостанати лични податоци може сеуште да бидат задржани во досиеата и архивите на Самсунг за извесно време, во согласност со пирменливиот закон, но Замсунг нема да може да ги користи таквите податоци за комерцијални или цели на управувањето со човечки ресурси. Разбирате дека, и покрај Вашето барање за бришење, Самсунг го задржува правото да ги зачува Вашите лични податоци или соодветен дел од нив, во согласност со делот за “задржување на податоци” даден подолу и применливите закони. Самсунг има право да го суспендира, ограничи или да го прекине Вашиот пристап до веб страната зардаи повреда на условите за користење на Самсунг, кога е тоа неопходно за заштита на правата, имотот и безбедноста на Самсунг, нашите поврзани лица, деловни партнери, вработени или клиенти.

ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Ние нема да ги чуваме Вашите лични податоци подолго отколку што е неопходно за остварвање на целите за кои се собрани. Ова значи дека податоците ќе бидат уништени или избришани од нашите системи кога веќе нема да бидат потребни.

Преземаме соодветни чекори за да осигураме дека податоците за Вас кои ги обработуваме ги ги задржуваме врз основа на следната логика:

  • Како што е неопходно согласно закон, договор или согласно нашите законски обврски; или
  • За онолку долго колку што е неопходно за оставрување на целите за коишто се собрани, обрабтувани, или подолого ако е тоа неопходно согласно било кој договор, пирменливото заонодавство или за статистички цели, под услов да се на сила соодветни мерки на заштита.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Ако имате било какви специфични прашања, Ве молиме контактирајте нѐ (ЕУ контролор на лични податоци) на:

Европски Офицер за заштита на лични податоци
Samsung Electronics (UK) Limited
Samsung House, 1000 Hillswood Drive, Chertsey, Surrey KT160PS

Можете исто така да нѐ контактирате преку Страна за поддршка на приватноста (Privacy Support page), ако сакате да го остварите Вашето право на пристап, исправка, бришење, приговор, ограничување на обработката и преносливост.

Ако сметате дека обработката на Вашите лични податоци од наша страна го повредува применливиот закон, можете да поднесете жалба до надлежниот орган на надзор. Контакт-инфомрации за сите Надзорни орагни во ЕУ може да се најдат овде овде.